СР Мега Ауто – ново поглавје
Направивме редизајн на нашето лого и целосно го обновивме нашиот веб-сајт www.megaautosr.mk со цел да овозможиме појасно, побрзо и поедноставно корисничко искуство. Иако изгледот е нов, фокусот останува ист – квалитетна услуга и внимателно одбрани, проверени добавувачи и производи на кои можете да се потпрете.
Воедно, сакаме да ве најавиме дека од март започнува со работа и нашата онлајн B2B платформа, која ќе овозможи уште полесна, побрза и поефикасна соработка со нашите партнери.
Во периодот што следи активно работиме на зголемување на залихата, подобрување на условите и цените, како и воведување на многу новитети во текот на годината.
Ви благодариме за довербата и поддршката.
Продолжуваме чекор по чекор, заедно. 🚛