СР МЕГА АУТО

Новости

Ново во нашата компанија AS-PL

Aлтернатори и стартери 24V од европскиот бренд AS-PL – сега достапни и кај нас!

🔧 AS-PL е реномиран производител од Полска, со повеќе од 30 години искуство во областа на електрични делови за возила. Со сопствени фабрики лоцирани во Европа и производство според највисоки европски стандарди, AS-PL гарантира квалитет, сигурност и доверба.

Производите се присутни во над 100 земји и покриваат широка палета на решенија за различни индустрии.

🟢 Во нивната понуда е вклучен и премиум брендот SEG, кој исто така е достапен кај нас – совршен избор за оние што не прифаќаат компромис со квалитетот.
✅ 24V стартери и алтернатори
✅ Целосно европско производство
✅ Премиум квалитет – бренд SEG
✅ Брза достапност и професионална поддршка