За прв пат во Македонија, на 27 Мај во Хотел Александар Палас се одржа саем за автоделови на кои се претставија 22 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa.
Организатори и носители на настанот покрај СР Мега Ауто, учевство земаа и
Крис и Том и Мега Ауто Партс, сите членки на GAU International.
Целта и мотивот за организирање на еден ваков настан беше претставување на
најновите автоделови од оваа индустрија, пред се квалитетни производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на сите возила.
Повеќе од 700 посетители (комитенти) имаа можност лично да се запознаат со
производителите на деловите кои што ги нудиме како и да дознаат повеќе за
процесот и квалитетот на производството.