СР МЕГА АУТО

За нас

СР МЕГА АУТО

Нашиот почеток

СР МЕГА АУТО започнува со работа во 2001 година, компанија основана во целост со приватен капитал и во сопственост на едно лице. Основна дејност – продажба и дистрибуција на резервни делови за комерцијални возила односно камиони,автобуси и приколици.

СР МЕГА АУТО

Низ Годините

2001
Основање и започнвање со работа
2005
Проширување на веќе постоечки објект

Проширување на веќе постоечкиот објект со дополнителен и поголем простор за магацинска роба

2011
Објектот дополнително се проширува

Објектот дополнително се проширува и станува во комплетна сопственост на СР Мега Ауто со работна површина од 1000м2 и дополнителна дворска површина од 1000 м2

2016
Прв саем за автоделови

СР Мега Ауто е еден од организаторите и носители на првиот одржан саем за авто делови во Македонија со 22 реномирани производители од Европа.

2017
Дел од групација NEXUS

СР Мега Ауто станува членка на познатата и реномирана групација NEXUS.

2017
Нов продажен салон

Официјално отпочнување со работа на вториот продажен салон во Охрид.

2018
Ново продажно место

Отварање на продажно место во Штип.

2019
Нови две продажни места

Отварање на уште две продажни места на СР МЕГА АУТО во Струмица и Кавадарци.

2020
Ново продажно место

Отварање на ново продажно место во Куманово

2022
Ново продажно место

Отварање на ново продажно место во Гевгелија

СР МЕГА АУТО

За нас

За успешно вршење на дејноста , компанијата располага со магацински простор од 1000 м2 , на пристапна локација веднаш на влезот во Скопје од источната страна и на неколку километри одалеченост од центарот на главниот град. Севкупната успешност на компанијата се должи и на стручно обучените вработени и опремени канцелариски простории со најнова компјутерска технологија.

Со цел за поголема достапност на потрошувачите, во 2017 година СР Мега Ауто започнува со отварање на нови продажни места низ Р.Македонија започнувајќи со првата подружница во Охрид.

За услугата да биде комплетна нудиме испорака на стока на сервисите и крајните корисници за нашите производи.

Квалитет на производите го потврдува гаранцијата потпишана од високореномирани Европски производители.

СР МЕГА АУТО

Галерија

Погледнете не одблиску