СР МЕГА АУТО

Новости

Соработка со CLAS

Со задоволство ве информираме дека започнавме соработка со CLAS – реномиран француски производител на професионална опрема и алати за автомобилската индустрија.

CLAS е познат по својот широк асортиман на висококвалитетни алати, специјални сервисни решенија и иновативна опрема наменета за професионални сервиси и работилници. Со долгогодишно искуство и присуство на европскиот пазар, брендот претставува синоним за сигурност, издржливост и професионалност.

Преку оваа соработка, на нашите клиенти им овозможуваме пристап до врвни производи кои ги исполнуваат највисоките стандарди во авто-сервисната индустрија.

Можете да ги посетите на нивниот официјален сајт www.clas.com и да се запознаете со целокупната понуда, а за информации, достапност и нарачка слободно контактирајте нè директно.