Саем за автоделови

За прв пат во Македонија, на 27 Мај во Хотел Александар Палас се одржа саем…

13 февруари, 2020

За прв пат во Македонија, на 27 Мај во Хотел Александар Палас се одржа саем за автоделови на кои се претставија 22 изложувачи – реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa.

Организатори и носители на настанот покрај СР Мега Ауто, учевство земаа и
Крис и Том и Мега Ауто Партс, сите членки на GAU International.

Целта и мотивот за организирање на еден ваков настан беше претставување на
најновите автоделови од оваа индустрија, пред се квалитетни производи кои обезбедуваат поголема безбедност, сигурност и подобри перфоманси на сите возила.

Повеќе од 700 посетители (комитенти) имаа можност лично да се запознаат со
производителите на деловите кои што ги нудиме како и да дознаат повеќе за
процесот и квалитетот на производството.