• mk
  • en

Call

+389 23 171-800

Working hours

08:00 - 17:00

Partners

Hella

Со палета на производи која опфаќа повеќе од 24,000 артикли, Hella нуди производи со високи перформанси, за скоро сите побарувања на пазарот. Најмногу се фокусираат на производите од сегментот за осветлување, електрика и термо менаџмент. Производите се произведуваат во погони, пост продажно и специјални ОЕ дивизии или преку соработка со други познати произведувачи. Овој производствен сектор исто така се бави со соработка со производители за специјални возила како на пример: градежни машини, автобуси, комерцијални возила, приколки и друго.

Факти:

• 5,284 вработени (само пост продажен сектор, а вкупно 3,7 миљарди)

• Асортиман: осветлување, електрична опрема, електроника, дијагностика и друго )

• 8 различни погони (Германија, Австрија, Финска, Романија,Индија,Кина,Нов Зеланд)

• 10 производствени погони

• Продажни места во повеќе од 100 земји

Во нашата програма може да се најдат :

– Хладњаци за вода

– Хладљаци за парно

– Хладљаци за клима

– Интеркулери

– Резервари за вода

– Расветла

– Алансери

– Автомати

FRIMATEC

Fimaatec Auto GmbH e водечки производител за водни пумпи, водилки и спони. Производствениотт погон им се наоѓа во Vendelstein – Германија, а производите се во склад со стандартите кои управуваат со квалитетот ISO 9001-2000.

Со помош на современи машини, се извршува постојано тестирање на производите со цел да се подобрува квалитет на производите и да се обезбеди сигурен квалитет.

Нашиот програм од производството на Frimatec вклучува водни пуппи за автобуси и камиони. Секој производ на Frimatec мора да помине проверка за квалитет пред да се најде во нашатата продажба.

SACHS

За произведување на Сакс производите се користат високо квалитетни материјали, токму поради фактот дека тие стојат зад своите перформанси и сигуреност. Ова е една од причините што многу произведувачи ги опремуваат своите возила со производите на Сакс. Секоја година повеќе од 10 милиони нови возила се опремени со Сакс амортизери и квачила за пазарот на резервни делови.

Исто така нуди и висококвалитетни квачила за пазарот за резервни делови.

Од основањето на Сакс во 1894 па се до денес , постои филозофија да обезбедат предност кај конкурентите како во поглед на квалитетот на производите така и во иновацијата на корисничкиот сервис.

Сакс нуди производи коишто ги покриваат сите типови на возила. Ова се однесува како на Европскиот така и на Азискиот пазар на возила .

Во нашиот програм од производите на Сакс можат да се најдат :

– Амортизери

– Потисни плочи

– Ламели

– Друк лагери

– Замајци

Dayko

Дајко е лидер во истражување,проектирање,производство и дистрибуција на широк спектар на каиши на пазарот за резервни делови за транспорт како и градежен и индустриски пазар.

Тимот на Дајко работи на целосно интегрирана глобална мрежа на производствени капацитети,дистрибутивни центри, технички центри и продажба. Со сето ова управуваат 3000 вработени. Дајко и понатаму продолжува да работи со истата стратегија која е утврдена пред повеќе од 90 години – да се предвидат и задоволат потребите на клиентите со обезбедувње на квалитетни услуги и производи.

Victor Rainz (Dana)

Dana e светски водечки добавувач кој ја подобруваат ефикасноста и перформансите на патнички и комерцијални возила со конвенционални и енергетски мотори.

Со седиште во Maumee,Ohio Дана вработува околу 23.000 луѓе во 26 земји од светот и во 2013 година има остварено 6,8 милијарди долари профит.

Како произведувач на оргинални и иновативни резервни делови, Дана продава под името на брендот Victor Reinz. Сите производи од рангот мора да исполнуваат OEM квалитет пред да бидат пуштени во продажба.

Купувачите на овој бренд може да се потпрат на добивање најдобра услуга и квалитет.

Асортинман:

– Заптевки

– Семеринзи

– Силикон

SKF

SKF e водечки глобален провајдер за технологија од 1907 година. Нивната основна цел и способност се сведува на вршење ревизија на нови технологии за подоцна да ги користат за креирање на нови производи кои што ќе ги исполнуваат барањата и очекувањата на клиентите. Клиентите на SKF можат да се најдат секаде низ светот и во различни индустрии. Работата и искуството во различни области им овозможува развој на производи и услуги кои што се специфични за една индустрија а може да се применат и во друга индустрија.

Факти:

• 48401 вработени

• 107 години постоење во бизнисот

• 140 сајтови во 28 земји

• 18 технички центри

Програм на SKF што може да се најде кај нас:

• Лагери

• Главчини за лагери

ЕURORICAMBI

Euroricambi е Италијанска компанија, лоцирана во област која е богата во смисла на механички и моторни вештини, а е позната во светот по: Ferrari,Lamborghini,Maserati,Daucati.

Производството се врши во 7 фабрики,кои опфаќаат површина од 42.000 кватратни метри, а со тоа и овозможуваат 9.000 производи достапни на лагер.

Од самиот почеток на постоењето па се до денес, идејата на Euroricambi е да произведуват резервни делови кои се идентични на оргиналите, обрнувајќи внимание на производствениот процес и материјалите кои се користат за производство.

Нашиот програм од асортиманот наа Euroricambi го покрива поголемиот дел од програмот на мењачи и диференцијали за комерцијални возила, како и клучните производи како вратила, запчаници и слично.

FeBi

Febi Blistein е светски, водечки производител и добавувач на резервни делови за патнички и комерцијални возила. Овој бренд е со постоење од 170 години, и сеуште одржува континуитет, квалитет и иновација во создавањето на производи. Нуди програм со преку 30.000 резервни делови кои се достапни во преку 130 земји. Освен тоа имаат претставништа со искусни партнери во преку 69 земји во светот. Febi се смета за компанија со огромна репутација на доверлив партнер не само за продажба на големо туку и како компанија со големо искуство и најсовремени технологии.

Асортиман на FEBI достапен кај нас:

• Спони

• Јабучици

• Давачи за притисок

Timken

Секој производ кој е произведен во некоја од фабриките на Timken низ светот е со врвен квалитет и доследност на брендот. Со повеќе од 100 години прецизно создавање на производите и изучување на материјалите од кои ги произведуваат,Timken продолжува да ги задоволува побарувањата на пазарот преку глобални стандарти за квалитет од оргинален дизајн па се до дистрибуција. Сите производи на мораат да ги исполнуваат претходно предвидените стандарти. Нивната примарна одговорносте при набавка на Timken производ да се осигура исти квалитет и конзистентност на производот како и во нивната база на снабдување.

Асортиман на производи од Timken програмата:

• Лагери

• Главчини

BorgWarner

BorgWarner е глобален лидер за производи во погонски решенија. Како компанија се фокусираат на развој на водечки технологии за погонски агрегати кои го подобруваат горивото и перформансите. Објектите за производство им се наоѓаат насекаде низ светот со цел да пружат локална подршка за купци со различни профили.

Факти:

– Производи: клучни технологии за мотори, менувачи и погонски групи системи

– 2013 продажба: 7,4 милијарди долари

– Вработени: 19,700 на светско ниво

– Локација: 60 во 19 земји

Асортиман на производи :

• Турбини

Bicma

Bicma e динамична фирма која успеа да го наметне своето присуство во областа на технички компоненти за транспорт на патишта благодарение на посветеноста и ефикасноста кои се карактеристични за оваа италијанска фирма, како и прецизноста и точноста за производство на прибор и сигурносни знаци за комерцијални и индустриски возила. Искуството стекнато со годините на псотоење и модернизација на производствените техники, придонесоа Bicma да расте како компанија и да го проширува ланецот на производи и услуги.

Сите производи се со сертификати и во склад со европските, сигурносни прописи, а овозможуваат сигурен и функционален превоз.

Асортиман на производи :

• Флуросцентни/рефлектирачки табли

• Флуросцентни/рефлектирачки лепенки

• Табла за ADR

• Опрема за ADR

• Ограничувања

Corteco

Corteco e број еден во производството на семеринзи, со историја на производство од 70 години. Како бренд, прв пат е регистритран во Италија во 1932 година.

Како водечки член на групацијата Freudenberg Group нуди повеќе од 19.000 производи со ОЕМ квалитет. Има производствени погони во повеќе од 15 различни земји а преку FreudenBerg Group доаѓаат до купувачи од 60 земји во светот.

Три главни столбови на нивната палета се контрола на вибрациите, поврзување и филтрација на воздухот.

Monark Diesel

Производството на Monark Diesel се одвива во Хамбург. Каде што се врши контрола на квалитетот на производите пред да бидат пуштени во продажба. Тимовите од вработени на секој секотор на продажба,управување или купопродажба се одговорни за секој производ да биде доследен во ноесење на нивното лого.

Сите Monark процеси се одвиваат во склад со стандартите ISO 90001:2008

MS Motor Service

Ms Motor Service е една од водечките организации на пазарот за делови за мотор,вклучувајќи ги брендовите BF Germany, KOLBENSHMIDT,PIERBURG и TRW ENGINE COMPONENTS. Целокупниот програм овозможува да се набават сите компоненти за мотор од едно место.

Како долгогодишни партнери, компаниите во KSPG групацијата развиваат иновативни компоненти и системски решенија со докажана надлежност за контрола на издувни гасови,пумпи за вода, клипови и друго.

Факти:

• 589 вработени

• 268 милиони евра годишен профит во 2013 година

• Сертификати : ISO 9001:2008

ISO/TS 16949:2009

ISO/IEC 27001:2013

ISO 14001

Vitillo

Vitillo Group е идеален партнер за секој кој работи во хидрауличниот сектор. Квалификувани се во преносот на електричната енергија преку флуиди под притисок.

Нудат широка палета на производи кои вклучуваат прес фитинзи,адаптери (BSP,PIN,JIC,ORFS) гумени црева со жична арматура (плетена и спирална)

Со добро воспоставено лидерство, како групација се наоѓаат на висока позиција во пазарниот сектор со комплетен асортиман од висококвалитетни производи, со признати и загарантирани стандарти.

Асортиман на производ од програмата на Vitillo:

• Хидраулични компоненти и фитинзи (приклучоци)

• Хидраулични црева во сите димензии и притисоци

Remsa

Успехот на Remsa за моменталната позиција на пазарот и главните причини за успех тие сметаат дека се :

• Користење на напредна технологија во процесот на производство, и притоа нудат висококвалитетни производи на пазарот за резервни делови

• Широка палета на производи, складирани во автоматски складишта кои се достапни насекаде во светот

• Комплетна вертикална интерграција, која овозможува брзо донесување на нови производи

• Маркетинг подршка. Фокусирање да се обезбеди подршка и потребна помош на клиентите, како и потребни информации од типот на каталози,изложби,малопродажба.

Kanca

Визијата на Kanca е да бидат прв избор на пазарот со нивниот бренд и технологијата која ја развиваат.

Акционерите на компанијата, вработените и клиентите ги сметаат за главни вредности, и настојувфаат да го задржат нивното задоволство и посветеноста.

Настојуваат да се продолжи нивното постоење со инвестиции и развивање на технологија со помош на нивната финансиска позадина

Со цел да дојдат до успешно производство на деловите, пред нивното произведување се користат техники како FMEA И AMDEC за постоењето на дефект да се сведе на нула. Водат SPC и периодични тестови во текот на производство за да се одржи нивото на квалитет. За безбедносни делови се водат тестови за цврстина, 100 % магнетски честички.

Fabio

Fabio извезуваат воздушни јастуци во преку 85 земји низ светот за сите типови на возила (минибуси,автобуси,приколки и сл.) 90% од своите производи ги извезуваат во странство, а другите 10% на домашен пазар. На крајот од 2013 планираат да отворат дополнителна фабрика, со што просторот за производство ќе достигне вкупни 25000 м2. Со дополнителните инвестиции, со голем производствен погон имаат амбиција да станат Целосно Интегрирана Фабрика за воздушни јастуци за 2014 година.

Асортиман од гумени јастуци достапни кај нас.

Hengst

Hengst сметаат дека освен широката палета на производи кои ги нудат, она што ги прави успешни , конкурентни и поинакви од останатите на пазарот е квалитетот на производите со нивното лого. Сметаат дека квалитетот е еден од најважните фактори, и им дава прилика да се разликуваат од сите други произведувачи на пазарот и да бидат подобри во производството.

Сите филтери се соодветни со квалитети по ISO 9001 и ISO/TS 16949 стандартите.

Асортиман од програмот на Hengst, достапен кај нас :

• Филтери за воздух

• Филтери за масло

• Филтери за гориво

• Филтери за сушач

PE

Основана во 1947 година, е една од водечките компании на пазарот за резервни делови. Произведува производи со висок квалитет, сигурност и производствени стандарти.

Повеќе од 10,000 различни производи излегуваат од нивното производство на годишно ниво.

Cojali

Истражување, развој и иновации се основата на која се темели постоењето на Cojali. Поради ваквата мисија на комапнијата, секој производ што излегува од нивните фабрики е со врвен квалитет.

Поради подобро организирање и повеќе посветеност кон клиентите , нивните објекти се поделени во неколку групи. Некои се фокусирани на производството, некои на развојот, на проверка на квалитетот, некои од нив се задолжени за комерција, менаџмент, маркетинг и администрација.

Бидејќи сметаат дека барањата и задоволството на побарувачите и оние кои ги користат нивните производи, специјален оддел е наменет за потребите на клиентите.

Асортиман на Cojali што може да се најде кај нас :

• Висковентилатори

• Перки

Norma Group

Norma Group e технолошки лидер во поврзување решенија, со повеќе од 60 години искуство во производството. Вработува околу 6,000 работници, поседува глобална мрежа од производствени објекти и дистрибуира во Европа,Америка,Азија и на Пацифик.

Главната цел и клучот за успех е квалитетот на производите. Како група произведуваат широк спектар на иновативни приклучувања. Посветеноста на квалитетот и технолошкото раководење им овозможува посветеност и доверба од клиентите во повеќе од 100 земји.

Ги подржува следните сертификати за квалитет:

ISO 9001

ISO 14001

ISO/TS 16949

Asso

Asso Marmitte започнува со работа во 1963 година како мала занаетчиска фирма за производство на издувни системи.

Благодарение на инвестирањето во иновативни технологии и менаџерските обуки, во рок од неколку години компанијата успева да се пробие на пазарот и да стане важен фактор во продажбата за резервни делови.

Со помош на модерната организациска структура успеваат да се здобијат со ISO 9001 сертификат.

Sertplast

Sertplast е основана во 1995 како мала фирма, за денес да успеаат да поседуваат вкупна површина на објектите од 11500 м2 со 270 вработени.

Активни се во областа на резервни делови воглавно за камиони и приколици. Она што е карактеристично е фактот дека нивните производи односно сијалиците,кабловите,конекторите,цевките и електронските производи како конвертори и регулатори се произведени во нивните сопствени погони. Годишнотто производство само на комплетни лампи изнесува 1,5 милиони по единица.

Поседуваат ISO 9001 сертификат од SGS, а листата на производи кои имаат ознака E по ESE прописи секојдневно ја зголемуваат.

Dtp

DTP е основана како компанија во 80-тите во Хамбург – Германија. Од своето основање, фокусирана е на дизел моторите за автомобили и камиони. По основањето за кратко време успеваат брзо да се вклучат во светскиот пазар. Денеска произведуваат широк спектар на DTP делови за дизел мотори . Квалитетот е ценет од страна на производителите на камиони и автомобили. Нивниот квалитет се базира на користење на квалитетен челик и висококвалитетни гуми. Една од конкурентските предности се цените, кој што ги приспособуваат за купувачите и се лесно достапни за разлика од други Европски произведувачи.

HydroPneumatik

Како компанија имаат присуство на пазарот 35 години, односно од 1975 година. Компанијата е лоцирана во Загреб, Хрватска.

Последните 10 години вршат увоз од Германија на гумени прстени кој што се користат за понатамошна продажба. Исто така нудат дихтонзи, гарнитури, хидраулика и пневматика.

Pennasol

Повеќе од 60 години Avista Oil Refininf & Trading GmbH Germany произведува квалитетни масла под брендот Pennasol. Произведуваат повеќе од 150 видови на производи од моторни масла па се до хидраулички и индустриски масла.

Pennasol маслата ги исполнува сите специфични барања на производителите на автомобили,машини и теретни возила.

Маслата се создаваат со висок степен на безбедност и квалитет. Постојаните проверки како и искуство од 60 години посветени на развој и истражувања, пракса со клиентите и добавувачите, тие гарантираат за високиот квалитет на нивното производство.